
Со големо задоволство, ги информираме нашите фанови, нашите пријатели, и воопшто македонската спортска јавност, дека мечевите на Металург во Порто можат во живо да ги гледаат на www,andystat.com
Оние што можат, со своите сателитски антени, да ја следат програмата на abola.pt, натпреварите ќе ги следат на своите телевизиски приемници...

Со утрешните натпревари стартува овогодишната женска регионална лига. Екипата на ЖРК Металург утре го има првиот натпревар. Во Заечар, во рамките на првото коло, ќе се сретне со ЖРК Заечар, екипа која, слично како и Металург, е носител на двојната круна во првенството на Србија. Екипата на Заечар, повторно слично на ...

Металург, денес и утре, ги има последните два тренинга пред нокаут серијата во Порто. Сите се подготвени и со нетрпение ги очекуваат натпреварите.
Инаку, сите екипи се сместени во хотел “Гаиа“, и сите се подготвени да се борат за место во главната група во Л.Ш.

На натпреварите на Металург, во Порто, правдата ќе ја делат судии од Данска и Шведска.
Натпреварите Металург-Динамо Минск и Порто-Металург ќе ги суди двоецот од Данска, Мартин Гјединг и Мадс Хансен.
Мечот, Металург-Запорожје, ќе го судат Ричард Канбро и Микаел Класон од Швед...

Во пресрет на квалификациониот турнир во Порто, тренерот на Металург, Лино Червар, за Нова Македонија го изјави следното:
- Металург, а и воопшто еден македонски претставник првпат ќе бара пат до ЛШ на гостински терен. Затоа, објективно, мала предност треба да му се даде на Пор...
