КАДЕТИТЕ НА МЕТАЛУРГ БЕЗ МИЛОСТ КОН ВРСНИЦИТЕ ОД ВЕЛЕС
Објавено на : 17/04/2011 21:33 Текстот не е лекториран
Во 10-тото коло на ВИНЕР кадетска лига, нашите кадети повторно имаа лесна задача. Овој пат, нивни жртви беа велешките кадети. Во првиот натпревар, во Велес, победивме со 27:10. Денес, во Скопје 26:8. Во првиот дел, ракометарите на Борец некако успеваа да ги запрат нашите напади, па овој дел заврши со наша предност од само 4 гола, 10:6. Системот се распадна во вториот дел, кога со брзи акции, буквално ги ги зашеметивме противничките ракометари. Спас немаше, и овој дел го добивме со 16:2. Борјан Стојановски беше посебно расположен и погодуваше најчесто од контри. Постигна 7 гола, два повеќе од презимењакот Стефан.
РК Металург - РК Борец 26:8 (10:6)
РК Металург: Каранфиловски, Димовски, Стојановиќ 3, Сетинов, Палевски 3, Николовски, Б.Стојановски 7, Бенко 2, Ивановски 2, С.Стојановски 5, Шаботиќ, Вангеловски 1, Петровски 1, Младенов 1, Ѓуровски и Бешлиевски 1. Седмерци: 1/3. Исклучувања: 6 минути.
РК Борец: Стојков, Димов, Пановски 2, Филиповски, Игнов, Панев, Мирчевски 1, Органџиев 1, Ончев 4, Ристов, Митев, Димов, Караколев и Недевски. Седмерци: 3/4. Исклучувања: 10 минути. Црвен картон: Ончев.
Судии: Дамјановски Стефан и Ангелковиќ Филип од Скопје.
Делегат: Костенчев Стево од Скопје.















Напишете коментар