СТАРТУВА ЖЕНСКАТА РЕГИОНАЛНА ЛИГА
Објавено на : 03/09/2010 15:56 Текстот не е лекториран
Со утрешните натпревари стартува овогодишната женска регионална лига. Екипата на ЖРК Металург утре го има првиот натпревар. Во Заечар, во рамките на првото коло, ќе се сретне со ЖРК Заечар, екипа која, слично како и Металург, е носител на двојната круна во првенството на Србија. Екипата на Заечар, повторно слично на Металург, во своите редови ја има скоро целата репрезентација на Србија, на чело со репрезентативниот тренер Лилич. Од тој аспект, утрешниот натпревар ќе личи на дуел меѓу Србија и Македонија.
Во Заечар, Металург ќе отпатува денес во 15:00. Утре девојките ќе имаат тренинг од 10 до 11 часот, а самиот натпревар е закажан за 19:00. Веднаш после натпреварот, Металург се враќа дома.
Поради настапот во Заечар, Металург го одложи мечот од првото коло во домашното првенство, во кое ја пречекува екипата на ФОН Универзитет. Истиот ќе се одигра на 08 септември, во салата “Автокоманда“, со почеток во 12:00.















Напишете коментар