ГОСТИВАРСКИТЕ ПАНТЕРИ СКРОТЕНИ ВО “АВТОКОМАНДА“
Објавено на : 14/04/2011 21:30 Текстот не е лекториран
Во 9-тото коло на СЕМОС Мултимедија машка независна лига, денес, во “Автокоманда“, гостуваа гостиварските Пантери. Иако имаат звучно име, гостиварчаните не беа рамноправен партнер во овој натпревар. Јуниор, од самиот старт, даде на знаење дека има намера да победи, и тоа со што поголема разлика. Тоа и го направи. Набрзо беше 5:2, па 10:2, се до 14:5, на полувремето. Во вториот дел, кондиционо слабо подготвените Пантери веќе немаа сили за отпор, и го загубија овој дел со 17:4. Вкупниот резултат е 31:9 (14:5). Мартин Манасков сам постигна 8 гола, безмалку колку целиот гостински тим. Да потсетиме, есенскиот натпревар го добивме со 38:9.
РК Металург Јуниор - РК Пантери 2010 31:9 (14:5)
РК Металург Јуниор: Каранфиловски, Ивановски, Ж.Пешевски 3, Сековски 3, Бој. Маџовски 2, Капиданчев 2, Крстевски 3, Мајнов 2, Ангеловски 3, Гинов 2, Манасков 8 и Бор. Маџовски 3. Седмерци: 3/4. Исклучувања: 8 минути.
РК Пантери 2010: Смилковски, Павловски, Ристевски, Смиљановски, Милошевски, Фичуровски, Сретеноски, Костоски 6, Јовановски, Трпевски 2, Маримкоски 1, Ристевски, Срезовски, Јовановски, Дуковски и Милошевски. Седмерци: 0/1. Исклучувања: 6 минути.
Судии: Ангелковиќ Филип и Зиков Сашо од Скопје.
Делегат: Дишлиев Стојан од Скопје.

Коментари


jas sakam da se zapisam vo metalurg















Напишете коментар