ЧАСОВНИКОТ ОДБРОЈУВА
Објавено на : 02/09/2010 15:05 Текстот не е лекториранМеталург, денес и утре, ги има последните два тренинга пред нокаут серијата во Порто. Сите се подготвени и со нетрпение ги очекуваат натпреварите.
Инаку, сите екипи се сместени во хотел “Гаиа“, и сите се подготвени да се борат за место во главната група во Л.Ш.
Во вторник навечер, од Скопје тргна и автобус со навијачката група на Металург. Верните фанови не ги поколеба нити растојанието од околу 3500 км, колку Скопје го дели од Порто. Во овој момент ( 14:50 час.) тие се наоѓаат во Франција и се одлично расположени.
Ги известуваме нашите многубројни пријатели дека управата на Металург направи напори да има телевизиски пренос на трите натпревари од Порто. Меѓутоа цената од 38000 евра по натпревар, сепак беше преголема.
Сатницата на натпреварите е следна:
Петок: Металург-Динамо Минск 21:30
Сабота: Порто-Металург 14:00
Недела: Металург-Запорожје 14:00















Напишете коментар