КАДЕТСКИОТ ТИМ НА МЕТАЛУРГ СЛАВЕШЕ ВО ВЕЛЕС
Објавено на : 10/04/2011 14:00 Текстот не е лекториран
Денес, во 10.00 часот, во рамките на 9-тото коло на ВИНЕР кадетската машка лига, во Велес, се сретнаа екипите на РК Велес 2009 и РК Металург. Нашите кадети ја оправдаа улогата на фаворит, и високо го совладаа домаќинот со резултат 36:14, полувреме 20:6. Со оваа победа, нашите кадети се зацврстија на челната позиција, и, во полуфиналето ќе се сретнат со втората екипа од другата група. Кадетскиот тим на Металург е најголем претиндент за освојување на овогодишниот шампионски пехар, и потврдување на ланскиот успех. Натпреварот во целостни ни припадна нам. Брзо поведовме, брзо се одлепивме, на полувреме водевме со 14 гола предност (6:20), на крајот со 22 (14:36). Бенко повторно најпрецизен, овој пат со 6 гола.
Есенскиот натпревар заврши со победа на нашиот тим, со резултат 37:6.
РК Велес 2009 - РК Металург 14:36 (6:20)
РК Велес 2009: Стојчев, Јаневски 3, Тодоровски 1, Зафков, Стојковски 2, Јанакиевски, Димитриев 3, Коцев, Лазаровски, Белештевец 1, Јаневски 4, Лазов и Малинов. Седмерци: 2/3. Исклучувања: 6 минути.
РК Металург: Димовски, Каранфиловски, Стојановиќ, Сетинов 1, Палевски 4, Николовски 3, С.Стојановски 5, Бенко 6, Ивановски, Б.Стојановски 1, Шаботиќ 2, Вангеловски 5, Петровски 2, Младенов 3, Ѓуровски 3 и Бешлиевски 1. Седмерци: 4/4. Исклучувања: 6 минути.
Судии: Јованов Божидар и Фрицков Мартин од Велес.
Делегат: Јосмов Тодор од Велес.















Напишете коментар