ЖРК МЕТАЛУРГ ЧЕСНО СЕ ПРОСТИ ОД КПК
Објавено на : 12/02/2012 21:58 Текстот не е лекториран
ЖРК Металург ја доби реванш средбата против екипата на Лајпциг и чесно се прости од Купот на Победници на Купови. Таков е епилогот од денешната средба која заврши со резултат 26:23 (10:13).
Почетокот на средбата помина во рамноправна борба. Екипите се менуваа во водство, па сепак ние бевме први кои создадовме разлика од два гола, 6:4 во 14 минута. Наместо да валоризираме предноста дојде до нагол пад на концентрацијата кај нашиот состав и противничка серија од 5:0 која ја префрли предноста на нивна страна. Во 20-та минута беше 6:9 за противникот и таа разлика се задржа до крајот на првото полувреме кое заврши со резултат 10:13. Во тој момент стравувавме за нашите девојки.
Вториот дел започна со брзи голови на противникот кој ја зголеми својата предност на цели 5 гола, 11:16. Потоа, ЖРК Металург заигра сосема поинаку. Почна да игра многу побрзо и да ги користи и контрите. Тоа целосно ги збуни Германките и резултираше со наша чудесна серија од цели 7:0, во период од 36 до 46 минута. ЖРК Металург поведе со резултат 18:16. Од тој момент па се до самиот крај нашите девојки не го испуштија водството кое беше најголемо во 55 минута и изнесуваше цели 6 гола, 25:19. Сепак, сили за целосен пресврт немаше и Лајпциг до крајот ја смали разликата.
Најдобри поединци на средбата беа феноменалната Тања Андрејева на нашиот гол и Катарина Крпеж која постигна 10 гола.
ЖРК Металург - ХЦ Лајпциг 26:23 (10:13)
ЖРК Металург: Андрејева, Антиќ, Мечевска 3, Гакидова, Гроздановска, Ѓорѓиевска 4, Бајрамоска 2, Десподовска, Пецевска 3, Новеска 4, Николовска, Крпеж 10, Милачиќ, Величковска и Митрова. Седмерци: 3/3. Исклучувања: 4 минути.
ХЦ Лајпциг: Хауген, Аугсбург 3, Мулер, К.Шулке, Л.Шулке 5, Кудлач 9, Рослер 2, Ланг 1, Хубингер 1, Виндиш, Плогер и Омундсен 2. Седмерци: 3/3. Исклучувања: 4 минути.
Судии: Цирлигеану и Лореску од Романија.
Делегат: Небојша Вујисиќ од Црна Гора.















Напишете коментар