ПРЕЦИЗИРАНИ ТЕРМИНИТЕ ЗА ДВОМЕЧОТ ОЦЕЛУЛ ГАЛАТИ - ЖРК МЕТАЛУРГ
Објавено на : 27/10/2011 22:52 Текстот не е лекториран
По подолга пауза, и девојките на Металург ќе влезат во натпреварувачки ритам. Наближува двомечот од 3-тото коло на Купот на Победници на Купови, со романскиот преставник Оцелул Галати. Прецизирани се и датите на одигрување на натпреварите.
Првата средба се игра во Галати, спортска сала “Сидерургистул“, на 05.11.2011 година. Средбата е закажана во 11.00 часот, што за нас е невообичајно време за одигрување натпревари. Средбата ќе ја судат судии од Русија: Андреј Кавешников и Пјотр Плотников. Делегат ќе биде бугаринот Ѓорги Јорданов.
Реваншот се игра во Скопје, сала “Автокоманда“, на 12.11.2011 година, со почеток во 18.00 часот. Судат: Ференц Бониферт и Виктор Олах од Унгарија. Делегат ќе биде италијанецот Марко Треспиди.
Испечати ја оваа страна
Оваа статија е прочитана 21 пати















Напишете коментар