МЛАДИНЦИТЕ НА МЕТАЛУРГ СЕ ВРАТИЈА СО ПОБЕДА ОД ГОСТИВАР
Објавено на : 25/10/2011 12:01 Текстот не е лекториран
Кадетите на Металург, кои настапуваат и во Семос младинската лига, продолжуваат со своите успешни настапи. На гостувањето во Гостивар, совладана е екипата на Пантери 2010, со резултат 25:18 (16:6).
Металург сите дилеми, врзани со овој натпревар, ги реши уште во првото полувреме. Стартувавме со 5:0 и тоа стана недостижно до крајот на мечот. На полувреме имавме предност од цели 10 гола, и тоа беше решавачко за порелаксираната игра во вториот дел. Во овој период домаќинот успеа да го намали резултатот за три гола, а крајниот исход е наша победа со седум гола предност.
РК Пантери 2010 (младинци) - РК Металург (младинци) 18:25 (6:16)
РК Пантери 2010: Смилкоски, Милешески 2, Срезоски 1, Јованоски 2, Фичурески, Сретеноски, Костески 2, Јованоски 7, Тасески, Маринкоски 2, Ристески, Павлески, Гегоски 2, Груески, Дукоски и Атанасоски. Седмерци: 2/2. Исклучувања: 6 минути.
РК Металург: Даниловски, Блажевски, Алушовски, Нелоски 7, Давитковски 7, Велковски 2, Палевски 2, Маркудов 2, Ристески 2, Ставридис 1, Талевски 1 Лазаревски 1, Стојковски, Бешлиевски, Илковски и Никодиновски. Седмерци: 4/6. Исклучувања: 14 минути.
Судии: Герасимовски Игор и Станоевски Игор од Кичево.
Делегат: Дјаковски Васил од Кичево.















Напишете коментар