Најнови вести

ВО ТЕШКА БОРБА, МИНИМАЛЕН ПОРАЗ НА МЕТАЛУРГ ЈУНИОР
РК Металург Јуниор загуби на гостувањето во Кавадарци со резултат 30:29, полувреме 17:14. Натпреварот помина во рамноправна и огорчена борба во која и двете екипи имаа свои шанси. При резултат 29:29, домашниот состав поентираше на 30 секунди до крајот, а во преостанатото време Јуниор не успеа да постигне гол и да го израмни резултатот. При ваков ра...
МЕТАЛУРГ ЈУНИОР ПОВТОРНО ПОРАЗЕН
Иако натпреварот директно решаваше за нашиот опстанок во македонската Супер лига, Металург Јуниор одигра доволно лошо за да го загуби. Во текот на целата средба противникот водеше со поголем број голови, најмногу со 9. Јуниор прикажа несватливо индолентна и неамбициозна игра која ги разочара сите присутни. РК Металург Јуниор - РК Битола  22:25...
ЛОШ ДЕН ЗА МЕТАЛУРГ СКОПЈЕ
Екипата на Металург Скопје го загуби плеј оф натпреварот во Куманово од истоимената екипа со резултат 30:24  (17:12). За жал нашите девојки повторно имаа лош ден и не прикажаа скоро ништо од онаа игра која ги краси во последно време. Сем почетното водство од 1:0, во текот на целиот натпревар предноста беше на страна на домашната екипа која зас...
МЕТАЛУРГ ЈУНИОР ГО “ПЕПЛОСА“ ТИМОТ НА БОРЕЦ
Чуден натпревар видовме вечерва во Автокоманда. И покрај тоа што Борец настапи во некомплетен состав, играта што ја прикажа не доликува на тим кој се натпреварува во Супер лига. Натпреварот е добиен без никаков напор а ракометарите на Јуниор, ако ги искористија сите контри и зицери, ќе можеа да се пофалат со победа остварена со најголема разлика во...
МЛАДИНЦИТЕ НА МЕТАЛУРГ СЕ ПОРАЗЕНИ ВО БИТОЛА.
Во Битола се играше реванш натпреварот во разигрувањето во младинска конкуренција. Екипата на Металург дојде во Битола со предност од два гола од првиот натпревар. За жал претрпевме пораз со 4 гола разлика и нема да учествуваме во фајнал форот во младинска конкуренција. Пелистер победи со резултат 25:21, а натпреварот е загубен уште во првото полув...
ЖРК ВАРДАР ЗАСЛУЖЕНО ГИ ОДНЕСЕ БОДОВИТЕ ОД “АВТОКОМАНДА“
Денешното дерби помеѓу екипите на РК Металург Скопје и ЖРК Вардар заслужено му припадна на гостинскиот тим кој со оваа победа го завери второто место во домашното првенство и ќе се натпреварува во Регионална лига место екипата на Жито Прилеп. Вардарките континуирано водеа во текот на целиот натпревар иако и Металург Скопје во неколку наврати имаше ...
НОВА ПОБЕДА НА ЈУНИОР НАД ДРАЧЕВО
Перфектниот ракометен ден за клубовите на Металург заврши со победа на Металург Јуниор против екипата на Драчево, натпревар од плеј аутот на домашното првенство. Видовме добар и динамичен натпревар помеѓу старите познаници. Металург Јуниор успеа уште еднаш да го совлада тимот на Драчево, овој пат со резултат 27:22, полувреме 16:11. Јуниор одлично г...
МАГДАЛЕНА ЈАНЕВСКА ИМ ГИ “РАСИПА“ СМЕТКИТЕ НА ПРИЛЕПЧАНКИТЕ
Одличен резултат оствари екипата на РК Металург Скопје на гостувањето во Прилеп. Средбата заврши нерешено а резултатот е 26:26, полувреме 14:12 за Металург. Иако на средбата со Жито Прилеп отпатуваа само 12 ракометарки со само една голманка, токму таа на крајот му пресуди на домашниот состав кој со овој резултат најверојатно ги загуби шансите за вт...
МЕТАЛУРГ Е ОРГАНИЗАТОР НА ФАЈНАЛ ФОР ТУРНИРОТ ВО КАДЕТСКА ЛИГА
Металург е избран за организатор на завршниот турнир во кадетска лига. Фајнал форот ќе се игра во “Автокоманда“ на 2 или 3 јуни (дополнително ќе биде објавена точната дата). Полуфиналните парови се: Преспа - Текстилец Вардар ПРО - Металург...
ПОБЕДА НА МЛАДИНЦИТЕ НА МЕТАЛУРГ
Во разигрувањето за пласман во фајнал форот во младинска конкуренција, Металург го одигра првиот од двата натпревари со екипата на битолски Пелистер. Победи нашиот тим со резултат 28:26, полувреме 15:16. Реваншот се игра во Битола на 5 мај. Присуствувавме на одличен, динамичен и крајно драматичен натпревар кој го задоволи вкусот на присутните гледа...
ЈУНИОР ДО БОДОВИ ДОЈДЕ НА ПОТЕШКИОТ НАЧИН
Секој натпревар на домашен терен е од огромно значење за екипата на Металург Јуниор во борба за задржување на суперлигашкиот статус. Таков беше и денешниот меч против екипата на Преспа. Очекувавме добра претстава и сигурна победа на нашиот тим. Наместо тоа видовме неизвесен натпревар во кој победникот не се знаеше до самиот крај. Во првото полуврем...
МЛАДИНКИТЕ ГО СОВЛАДАА КИЧЕВО
Младинската женска екипа на Металург денес ги совлада врсничките од Кичево. Интересен натпревар во кој ние постојано водевме а гостинките наоѓаа сили да не достигнат. Во првиот дел се играше нешто порамноправно и овој дел заврши со само еден гол во наша полза. Во второто полувреме се створи поголема разлика која се задржа до самиот крај. Се на се, ...
НОВО ГОСТУВАЊЕ И НОВ ПОРАЗ НА МЕТАЛУРГ ЈУНИОР
Металург Јуниор се врати со пораз од гостувањето во Велес. Домашниот Борец не совлада со резултат 26:18, полувреме 11:8. Металург Јуниор и натаму продолжува со бледи игри буквално на секое гостување. Денешниот натпревар го загубивме поради бројните технички грешки во одбраната и нападот. Самиот натпревар лошо го отворивме и првиот гол го постигнавм...
РАЗИГРУВАЊЕ ВО МАШКА МЛАДИНСКА ЛИГА
Машката младинска лига е во својата завршна фаза. Познати се 8-те екипи кои ќе разигруваат за учество во фајнал форот. Тоа се екипите на: 1. Борец (Велес) 2. Вардар ПРО 3. Филип 07 (Прилеп) 4. Текстилец (Штип) 5. Младост (Ресен) 6. Куманово 7. Металург 8. Пелистер (Битола) Извлечени се и паровите чии победници ќе обезбедат учество во фајнал форот: ...
ФАЈНАЛ ФОР ВО МАШКА КАДЕТСКА КОНКУРЕНЦИЈА
Денес во просториите на РФМ се извлечени паровите за фајнал форот во машка кадетска конкуренција кој ќе се игра на 2 и 3 јуни 2012 година. Местото на одржување ќе се лицитира во петок.   Учесници се екипите на: 1. Текстилец од Штип 2. Преспа од Ресен 3. Вардар ПРО 4. Металург Полуфиналните парови се извлечени со ждреб и се играат на 2 јуни. Те...