Најнови вести
Изминаа 40 години од кога во далечната 1971 година во рамките на Рудници и железaрница во Скопје некако незабележливо беше формирана ракометна секција, која подоцна прерасна во клуб РK Металург, денес најдобрата и најуспешната екипа во Македонија, клуб кој во овие изминати 40 години се бореше со многу проблеми, но секогаш опстојуваше благодаре...
Сезоната 2007/8, засега, е една од двете наши најуспешни сезони во европските натпреварувања. Тогаш, стигнавме до 1/4 финале во ЕХФ Купот.
Стартувавме од 2-то коло во кое го совладавме кипарскиот претставник Страволос. По изненадувачкиот пораз во Никозија (21:26), забележавме висока победа во Скопје (31:18) и се изборивме за 3-тото коло и дуел со С...
11-тото зимско првенство на Македонија, Металург го освои победувајки ги сите свои противници, најпрво во својата втора група, а потоа и во дуелите со победниците на групите. Финалниот турнир се одигра во Скопје со учество на Партизан од Кр. Паланка (победник на 1 група), Металург (2 група) и Работнички (3 група). Победникот на 4 група, Т.Комбинат,...
Ристо Чокрев е нашата најголема клупска легенда. Во Металург влезе во 1973 година, со неполни 15 години, и остана, до овој момент, цели 38 години. Почна во легендарната младинска екипа, формирана во 1973 година, која за само една година се вклопи во сениорскиот тим и која стана основа на Металург во идните две децении. Во Металург играше како лево ...
Крсто Петрушевски е една од двете наши најголеми легенди и е најстариот, денес се уште активен, член на Металург. Крле влезе во Металург во далечната 1972 година како младинец и веднаш беше кооптиран во сениорскиот тим. Од тогаш, па се до крајот на својата играчка кариера, Петрушевски, кој тогаш го носеше презимето Митевски, е стандарден бек на Мет...
Во 1983 година, во рамките на Втора сојузна лига – Југ, во 13 коло се сретнаа екипите на Пелистер и Металург. Пелистер во првите 12 кола постигна исто толку победи и обезбеди влез во Прва лига, додека Металург, со само 4 победи, се најде на претпоследното место.
На пат за Битола, Металург тргна со три возила. Во еден момент, второто возило до...
Во 1982 година, на традиционалниот турнир на Металург, настапија прволигашите Дубочица од Лесковац и Железничар од Ниш, како и екипите на Металург, Вардар, Пелистер и Пролет. Екипите беа поделени во две групи од по три тима. Првиот ден, Металург најпрво загуби од Дубочица со високи 37:23, а потоа ја порази екипата на Пролет со 28:20. Дубочица...
И покрај многуте засилувања (Ванчо Јовановски, Русмир и Груевски), Металург лошо ја почна сезоната во новоформираната Прва “Б“ лига-Југ. Во воведните две кола доживеа два порази, од Трепча и Вардар, а по победата против Кристал, нов пораз од Пелистер. По 11-тото коло, нашиот скор беше 3 победи, едно реми и дури 7 порази. Потоа усл...
Во својата прва сезона, како учесник во Втора сојузна лига, Металург на почетокот ги изненади сите со своите резултати. По изненадувачката победа против белградски Партизан, во првото коло, и поразот против Работнички, во второто, Металург нанижа уште две победи, против Кристал и моќниот ФАП. Следуваше пораз од Тутунски Комбинат и повторно две побе...
Со формирањето на Првата “Б“ југословенска лига, беа направени и неколку измени. Најзначајната од нив беше одлуката сите натпревари да се играат во сали. За наша среќа, таква сала постоеше на само стотина метри од отвореното игралиште на Металург. Од тогаш па се до денешен ден, Металург своите натпревари ги игра во салата “Автоком...
Четвртото издание, на веќе традиционалниот турнир, беше посветено на 10-тата годишница од постоењето на клубот. Се одржа на 22 и 23 август, во исклучително силна конкуренција. Покрај Металург, настапија прволигашките екипи: Железничар од Ниш, Раковица од Белград и Дубочица од Лесковац, како и екипите на Вардар и Работнички.
Првиот ден Железничар го...
Во 1981 година дојде до реорганизација на лигите во Југословенскиот ракомет. Некогашната Втора лига - Југ, додатно засилена, се преименува во Прва лига “Б“. Металург, кој претходната сезона успеа да го сочува второлигашкиот статус, овојпат подготвено го дочека почетокот на новото првенство. Екипата беше засилена со Русмир, кој дојде од ...
Приказната ми ја раскажа Зоки Цветановски. Во 1971 година, на турнирот на Пролет, покојниот Никола Богдановски донесе тим составен од работници на Железара. Овде се роди идеја да се формира клуб составен од вработени во фабриката. Никола Богдановски Коле, ја прифати идејата и преку фабричките органи го создаде Металург. Четири децении покасно, Мета...
Во 1993 година, за првпат, беше организирано натпреварување за Купот на Македонија. Финалниот турнир се играше на 19 и 20 април, во Прилеп.
Во првото полуфинале, Металург, по тешка борба ја совлада екипата на ПТТ Градски телефон со резултат 21:20, полувреме 8:8. Во второто полуфинале, повторно изедначен натпревар и победа на Шевро Куманово над Боре...
Во 1993 година, по елиминацијата на белгискиот Херстел. во 2-то коло на Купот на градовите на ЕХФ, Металург доби исклучително силен противник во третопласираната екипа од хрватското првенство, Карловачка Пивовара од Карловац.
Првиот натпревар, одигран на 30 октомври, Металург го загуби со високи 21:13. Тоа беше чуден натпревар, одигран во Јас...