Играчи
Галерија
Петар Ангелов - голман
Дата на раѓање
08.03.1977
Висина
192 см
Тежина
103 кг
ПОЧЕТОЦИ: Ангелов ракомет тренира од своја 14 годишна возраст, а прв клуб му е Тиквеш од Кавадарци.
КЛУБОВИ: Петар Ангелов досега настапувал за Тиквеш, Пелистер, Трембле, Вардар ПРО и Металург. Кај нас е од 2010 година.
РЕПРЕЗЕНТАТИВНИ НАСТАПИ: За сите категории, Ангелов има 120 репрезентативни настапи.

Галерија
Никола Митревски - голман
Дата на раѓање
03.10.1985
Висина
188 см
Тежина
84 кг
ПОЧЕТОЦИ: Митревски почна да тренира од 13 годишна возраст, а прв клуб му е Пелистер од Битола, кај тренерот Боро Чурлевски.
КЛУБОВИ: Никола, досега настапувал во Пелистер, Радовиш, Младост, Вардар ПРО и Металург. Кај нас е од 2010 година.
РЕПРЕЗЕНТАТИВНИ НАСТАПИ: Никола Митревски има 21 настап за нашата селекција.

Галерија
Стефан Кимевски - голман
Дата на раѓање
31.12.1990
Висина
193 см
Тежина
88 кг
ПОЧЕТОЦИ: Кимевски тренира ракомет од 14 годишна возраст. Прв клуб му е Куманово од Куманово.
КЛУБОВИ: Стефан досега настапувал за Куманово и Металург. Кај нас е од 2008 година.
РЕПРЕЗЕНТАТИВНИ НАСТАПИ: Кимевски има 8 настапи во помалите репрезентативни категории.

Галерија
Аце Јоновски - лев бек
Дата на раѓање
29.12.1980
Висина
200 см
Тежина
104 кг
ПОЧЕТОЦИ: Јоновски со ракомет се бави од своја 14 година. Прв клуб му е Струга од Струга, кај проф. Јаковче Матлиески.
КЛУБОВИ: Јоновски до сега настапувал за Струга, Пелистер, Вардар ПРО, Ст.Гален, Босна, Силкеборг и Металург. Кај нас е од 2010 година.
РЕПРЕЗЕНТАТИВНИ НАСТАПИ: Јоновски, во разни категории, има 125 настапи за нашите селекции.

Галерија
Дејан Манасков - лево крило
Дата на раѓање
26.08.1992
Висина
181 см
Тежина
78 кг
ПОЧЕТОЦИ: Дејан Манасков, тренира од свои 10 години. Прв клуб му е Борец од Велес, кај тренерот Бисинов.
КЛУБОВИ: Манасков досега настапи во дресовите на Борец и Металург. Кај нас е од 2008 година.
РЕПРЕЗЕНТАТИВНИ НАСТАПИ: Дејан Манасков, во разни категории, има 25 настапи за националната селекција.

Галерија
Филип Миркуловски - централен бек
Дата на раѓање
14.09.1983
Висина
189 см
Тежина
91 кг
ПОЧЕТОЦИ: Миркуловски, со ракомет се бави од своја 13 година. Прв клуб му е Македонија од Скопје.
КЛУБОВИ: Филип досега настапувал за екипите на Македонија и Металург. Кај нас е од 2003 година и веќе осум години го носи дресот на Металург.
РЕПРЕЗЕНТАТИВНИ НАСТАПИ: Филип Миркуловски, во разни старосни категории, има 125 репрезентативни настапи.

Галерија
Гоце Георгиевски - десно крило
Дата на раѓање
12.02.1987
Висина
185 см
Тежина
83 кг
ПОЧЕТОЦИ: Георгиевски ракомет тренира од 16 години. Матичен клуб му е Металург, а прв тренер Владимир Глигоров.
КЛУБОВИ: Гоце е дете на Металург и целокупната досегашна кариера му е врзана за нашиот клуб. Во првиот тим е од 2006 година.
РЕПРЕЗЕНТАТИВНИ НАСТАПИ: Георгиевски има 12 настапи за нашата репрезентација.

Галерија
Милан Левов - десен бек
Дата на раѓање
05.04.1987
Висина
186 см
Тежина
87 кг
ПОЧЕТОЦИ: Левов тренира ракомет од 15 годишна возраст. Прв клуб му е Кавадарци од Кавадарци, кај тренерот Трајче Камчев.
КЛУБОВИ: Левов, досега има играно во Кавадарци, Вардар ПРО и Металург. Кај нас е од 2009 година.
РЕПРЕЗЕНТАТИВНИ НАСТАПИ: Левов, во разни старосни категории, има 54 настапи за нашите селекции.

Галерија
Митко Стоилов - десен бек
Дата на раѓање
04.02.1983
Висина
195 см
Тежина
107 кг
ПОЧЕТОЦИ: Стоилов со ракометот е од своја 14 годишна возраст. Прв клуб му е Младост од Богданци, кај тренерот Григориј Бродски.
КЛУБОВИ: Мите, досега настапувал за екипите на Младост, Загреб и Металург. Кај нас е од 2006 година.
РЕПРЕЗЕНТАТИВНИ НАСТАПИ: Стоилов, во разни категории има 65 репрезентативни настапи.

Галерија
Наумче Мојсовски - централен бек
Дата на раѓање
17.06.1980
Висина
187 см
Тежина
92 кг
ПОЧЕТОЦИ: Наумче тренира ракомет од своја 13 годишна возраст. Прв клуб му е Струга од Струга, кај проф. Јаковче Матлиески.
КЛУБОВИ: Мојсовски досега настапи за Струга, Пелистер, Вардар ПРО, Логроно и Металург. Кај нас е од 2009 година.
РЕПРЕЗЕНТАТИВНИ НАСТАПИ: Наумче Мојсовски има преку 130 настапи за нашата селекција.

Галерија
Младен Ракчевиќ - пикер
Дата на раѓање
10.02.1982
Висина
179 см
Тежина
105 кг
ПОЧЕТОЦИ: Ракчевиќ тренира ракомет од 14-годишна возраст. Прв клуб му е Ловќен од Цетиње, кај тренерот Мишко Поповиќ.
КЛУБОВИ: Младен досега настапи во дресовите на Ловќен, Вардар ПРО, Колубара и Металург. Кај нас е од 2010 година.
РЕПРЕЗЕНТАТИВНИ НАСТАПИ: Ракчевиќ е долгогодишен репрезентативец на Црна Гора.

Галерија
Ванчо Димовски - пикер
Дата на раѓање
04.04.1979
Висина
187 см
Тежина
110 кг
ПОЧЕТОЦИ: Димовски се бави со ракомет од 14 годишна возраст. Прв клуб му е Вардар ПРО, кај тренерот Лефтер Бошковски.
КЛУБОВИ: Ванчо Димовски, досега има играно во Вардар ПРО, Пелистер, Голд Клуб и Металург. Кај нас е од 2006 година и е капитен на екипата.
РЕПРЕЗЕНТАТИВНИ НАСТАПИ: Димовски е долгогодишен репрезентативец на Македонија.

Галерија
Велко Маркоски - лев бек
Дата на раѓање
05.04.1986
Висина
194 см
Тежина
100 кг
ПОЧЕТОЦИ: Веле ракомет тренира од 11 години. Матичен клуб му е Струга од Струга.
КЛУБОВИ: Маркоски досега настапи за екипите на Струга, Вардар ПРО и Металург. Кај нас е од 2010 година.
РЕПРЕЗЕНТАТИВНИ НАСТАПИ: Веле Маркоски, за разни категории, досега има преку 60 настапи

Галерија
Златко Мојсоски - десно крило
Дата на раѓање
15.11.1981
Висина
180 см
Тежина
81 кг
ПОЧЕТОЦИ: Златко тренира ракомет од своја 13-годишна возраст. Прв клуб му е Илинден од Струга, кај тренерот Ѓоко Коцарески.
КЛУБОВИ: Мојсоски досега играл во екипите на Илинден, Пелистер, Охрид, Кавадарци, Вардар ПРО и Металург. Кај нас е од 2010 година.
РЕПРЕЗЕНТАТИВНИ НАСТАПИ: Златко Мојсоски има 25 настапи за нашата најдобра селекција.

Галерија
Тадеј Матијашиќ - Лево крило
Дата на раѓање
22.01.1994
Висина
170 см
Тежина
73 кг
ПОЧЕТОЦИ: Тадеј тренира ракомет од најрана, 6-годишна возраст. Прв клуб му е Изола, кај тренерот Петер Мичелиќ.
КЛУБОВИ: Тадеј во својата досегашна кариера има настапи за екипите на Изола, Копер и Металург. Кај нас е од 2011 година.
РЕПРЕЗЕНТАТИВНИ НАСТАПИ: Тадеј засега нема настапи за селекцијата на Словенија.

Галерија
Јовица Младеновски - Лев бек
Дата на раѓање
20.05.1987
Висина
190 см
Тежина
90 кг
ПОЧЕТОЦИ: Младеновски тренира ракомет од 14-годишна возраст. Прв клуб му е Македонија, кај тренерот Драган Здравковски.
КЛУБОВИ: Младеновски досега настапувал за екипите на Македонија, Тинекс Пролет и Металург. Кај нас е од 2011 година.
РЕПРЕЗЕНТАТИВНИ НАСТАПИ: Јовица засега нема настапи за нашите национални селекции.

Галерија
Стевче Алушовски - Лево крило
Дата на раѓање
01.10.1972
Висина
189 см
Тежина
89 кг
ПОЧЕТОЦИ: Стевче со ракометот е од своја 14-годишна возраст. Матичен клуб му е Пелистер, а почна да тренира кај тренерот Стојан Дамјановски.
КЛУБОВИ: Алушовски има настапи за екипите на Пелистер, Јафа, Вардар и Металург. Кај нас е од 2010 година.
РЕПРЕЗЕНТАТИВНИ НАСТАПИ: Стевче, во својата долгогодишна кариера, само во сениорската селекција има 227 настапи.

Галерија
Никола Стојчевски - Среден бек
Дата на раѓање
09.08.1984
Висина
184 см
Тежина
86 кг
ПОЧЕТОЦИ: Никола во ракометот е од своја 15-годишна возраст. Прв клуб му е Преспа од Ресен.
КЛУБОВИ: Никола до сега настапувал за екипите на Преспа, Вардар, Осиек, Клуж Напока, Енергија Пандури и Металург. Кај нас е од 2010 година.
РЕПРЕЗЕНТАТИВНИ НАСТАПИ: Никола засега има настапи во јуниорската селекција на Македонија.

Галерија
Жарко Пешевски - Пикер
Дата на раѓање
11.04.1991
Висина
195 см
Тежина
110 кг
ПОЧЕТОЦИ: Жарко почна да тренира на 15 години. Матичен клуб му е Металург, а прв тренер Доне Бошковски.
КЛУБОВИ: Жарко е дете на Металург и сета досегашна кариера ја помина во нашиот клуб.
РЕПРЕЗЕНТАТИВНИ НАСТАПИ: Пешевски засега има 15 настапи во јуниорската селекција на Македонија.

Галерија
Миладин Козлина - Лев бек
Дата на раѓање
11.02.1983
Висина
199 см
Тежина
115 кг
ПОЧЕТОЦИ: Козлина тренира ракомет од 9-годишна возраст. Матичен клуб му е Цеље, а прв тренер Сеад Хасанефендиќ.
КЛУБОВИ: Козлина е дете на Цеље и целокупната своја кариера, сем последната година, ја помина во овој клуб. Има краток престој во Гепинген и сега Металург. Кај нас е од 2011 година.
РЕПРЕЗЕНТАТИВНИ НАСТАПИ: Козлина има околу 100 настапи за репрезентацијата на Словенија.

Галерија
Жарко Марковиќ - Десен бек
Дата на раѓање
01.06.1986
Висина
203 см
Тежина
103 кг
ПОЧЕТОЦИ: Марковиќ тренира ракомет од 15 години. Прв клуб му е Цепелин, кај тренерот Мишко Поповиќ.
КЛУБОВИ: Марковиќ има настапи за екипите на Цепелин, Југовиќ, Цетиње, Веспрем, Гумерсбах, Будуќност, Ал Ахли и Металург. Кај нас е од 2011 година.
РЕПРЕЗЕНТАТИВНИ НАСТАПИ: Марковиќ има преку 60 настапи за националната селекција на Црна Гора.

Галерија
Дамир Батиновиќ - Лев бек
Дата на раѓање
18.08.1987
Висина
193 см
Тежина
93 кг
ПОЧЕТОЦИ: Дамир тренира ракомет од своја 10-годишна возраст. Прв клуб му е РК Јерковац.
КЛУБОВИ: Батиновиќ досега настапи за екипите на Јерковац, Метковиќ, Медвешчак, Вартекс, Мославина, Марибор Браник и Металург. Кај нас е од 2011 година.
РЕПРЕЗЕНТАТИВНИ НАСТАПИ: Батиновиќ е повремен репрезентативец на Хрватска.


Галерија
Дарко Станиќ - Голман
Дата на раѓање
08.10.1978
Висина
190 см
Тежина
90 кг
ПОЧЕТОЦИ: Дарко Станиќ тренира ракомет од најрана возраст. Прв клуб му е РК Брсково од Мојковац.
КЛУБОВИ: Станиќ во текот на својата кариера има настапи за екипите на Брсково, Ловќен, Црвена Звезда, Грасхоперс, Цимос Копер и Металург. Кај нас е од 2011 година.
РЕПРЕЗЕНТАТИВНИ НАСТАПИ: Дарко Станиќ е долгогодишен репрезентативец на Србија.

















