Најнови вести
На сите луѓе на Металург, на нашите пријатели и верните навивачи, им го честитаме најголемиот христијански празник: Христовото Воскреснување. Нека на сите ни е среќен и благословен.
 ...
Десното крило на ЖРК Металург, Симона Гроздановска денес слави роденден. Од името на Металург, и посакуваме многу спортски успеси, среќен личен живот и добро здравје....
Столбот во одбраната на Металург, Велко Маркоски, денес наполни 25 години. Му посакуваме исполнување на сите желби. Веле, да си жив, здрав, среќен и весел. И уште долго да те гледаме во Металург....
Нашиот десен бек, Милан Левов, наполни 24 години. Од името на Металург, му посакуваме здравје и среќа во животот, како и многу успеси во неговата спортска кариера....
Денес, својот 32-ри роденден го слави нашиот капитен Ванчо Димовски. Сите во клубот му посакуваме долг и среќен живот, како и продолжување на неговата богата спортска кариера....
Денес, во просториите на Металург, се одржа предавање на тема противпожарна заштита. Предавањето го водеше раководителот на противпожарна заштита на Макстил. Вработените беа запознаени со основите на противпожарната техника и начините на гаснење на евентуалните пожари....
Тони Ристевски: “Мини лигата на Металург доби спонзор. Се работи за реномирана германска фирма за производство на стегачи и друга спортска заштитна опрема, BAUERFEIND. Од овој взаемно корисен договор, најмногу корист ќе имаат нашите најмлади ракометари. Мини лигата, традиционалното детско натпреварување во рамките на Металург, може да почне&l...
Вечерва се одржа седница на управниот одбор на ЖРК Металург. Тема на состанокот беа претстојните натпревари од Купот на Македонија, Регионалната лига и домашното првенство. Како што е познато, во Купот, во женска конкуренција, Металург е застапен со две екипи: ЖРК Металург и РК Металург Скопје. Во Регионалната лига не очекуваат низа натпревари,...
Металург е добро организирано ракометно семејство на клубови во чиј состав влегуваат 7 екипи, четири во машка и три во женска конкуренција. Овие екипи се натпреваруваат во 12 државни лиги, што е единствен пример во нашата земја. Ова година, Металург нема свој претставник единствено во ШПАРКАСЕ женска пионерска лига. Освен натпреварувачките состави,...
Денес нашиот бек Елена Ѓорѓиевска наполни 21 година. Многу среќа во животот, здравје и спортски успеси, се трите работи кои Елена ги заслужува, и кои веруваме дека ќе и се исполнат....
Драги наши колешки и ракометарки од големото семејство на клубови на Металург, Ви го честитаме 8 Март, денот на жената, и посакуваме среќата и љубовта да бидат постојано со Вас. Горди сме на Вашиот труд, среќни за Вашите успеси. Нека Ви е среќен денешниот и сите други денови.
&...
Веб страната на Металург конечно ја доби потребната фото опрема. Нашите фотографии, од сега, ќе бидат со многу подобар квалитет, онаков каков што заслужува сајтот на клуб каков што е нашиот Металург. Опремата е поклон на ЖРК Металург, реализиран со посебно залагање на директорот Филип Христов. Поради неговата константна подршка, од самото форми...
Денес својот 25 роденден го слави нашата ракометарка Мирдита Алими. Од срце и честитаме и посакуваме да има среќа и радост во животот. И посакуваме богата спортска кариера исполнета со победи на спортски терен....
Никола Стојчевски, по пробен период од десет дена, го задоволи вкусот на тренерот Лино Червар и потпиша договор со Металург. Нашиот клуб, до крајот на сезоната, доби среден бек кој во многу варијанти може да ја олесни играта на нашата бековска линија, и по потреба да ги одмори ударните Мојсовски-Миркуловски. Ако играта на, 26 годишниот, ...
Лазо Мајнов е новото засилување на Металург. Интересно, но своите први ракометни чекори, Мајнов ги направи токму во Металург, каде извесно време тренираше со подмладокот. Сепак, кариерата на Мајнов тргна во друг правец, па прв официјален клуб му е Работнички, а потоа Пролет и Вардар. Мајнов е ракометар со големо интернационално искуство, и има...