Топ Вести

    АЛЕКСАНДАР ПЕТРОВСКИ: НЕКОЈ САКА ДА ГО ТРГНЕ МЕТАЛУРГ ОД ФАЈНАЛФОРОТ

    19.02.2014 00:39
    873_1392757931_resize

    za tekst

    Mногу оган имаше на прес-конференцијата по натпреварот во Брест. Незадоволството од судењето беше повод за реакцијата на помошникот тренер на Металург, Александар Петровски.

    Александар Петровски: “Сакам да и честитам на екипата на Брест за денешната победа. Трета година ја поддржуваме лигата, но некој постојано сака да го тргне Металург од фајналфорот на истата. Судиите беа џелати  и на денешниот натпревар. Тие постојано разговараа со нашите ракометари и постојано гледаа кон резултатот. Но, сакам да истакнам дека победата на Брест е чиста. Имавме долго патување и во Белорусија сме веќе шест дена. И после се некој така да не малтретира – тоа не сме го заслужиле. Не смее да биде важно кој игра, Загреб, Татран или ние, важно е во фајналфорот да се најдат тие што тоа го заслужиле, без задкулисни игри. Бараме нашиот труд да се цени правилно“.

    Дејан Манасков: “Одигравме две различни полувремиња. Првото го завршивме со негатива од три гола. Во второто почнавме добро и го стигнавме противникот. Никогаш не го коментирам судењето, но денешното не зачуди сите. Ние не можевме да се доближиме до резултатот на Брест поради низа чудни судијски одлуки. Ова трае веќе неколку години. Веројатно постои некаква причина за ваквата арбитража, но ова ни се случува премногу често. Сепак, и честитам на екипата на Брест“.

    Жељко Бабиќ: “Психолошки многу е важно што победи мојата екипа. Ако можеме да победиме тим кој постојано игра во Лигата на шампионите, значи дека играме сериозен ракомет. Моите играчи треба да знаат дека кога се игра колективно и кога се почитува предвидениот план, ние победуваме. Исто така, кога играме добро во одбраната и постигнуваме 25-27 гола, ние победуваме. Денеска одигравме фантастично во одбраната, одигравме со емоции. А, ако имало емоции, ако покажавме карактер, тогаш се направивме правилно“.

    Растко Стојковиќ: “Денеска бевме подобрата екипа и заслужено победивме. Натпреварот го почнавме со паметна игра и така одигравме се до крајот. Не ми се допаѓаат коментарите во поглед на судењето. Можеби и имало неколку безначајни грешки, но беа и за двете страни. Во целина, судењето беше крајно коректно“.

    Напомена: Текстот од прес-конференцијата е преземен од веб-сајтот на екипата на Брест Мешков.

    Прочитано 5.737 пати

    (3) Коментари

    1. dobro ima li neshto nacin mesto kade moze da se nekoj – neshto pozali posle sudenjeto vcera i nekoj da snosi odgovornost , ili samo ke si se pozalime megu sebe i tolku?!?

    2. link od utakmicata ima nekade?

    3. kaj sto ima dobro ima i loso ,kaj sto ima loso pak ima i dobro.losoto e izgubivme dosta znacaen natprevar koj mozebi ke ne cini final four vo seha ligata .naumce se povredi poslab plasman na evropskoto prvenstvo od prethodnoto i na nestata mozebi im nema kraj.pa koe e sega dobroto vo ovie raboti.dobroto e sto ovaa godina ke e godina na metalurg momcite ke se plasiraat vo final four na liga na sampioni zasto ja naucija lekcijata deka za da se dobie natprevar treba da se igra rakomet psiholoski da se izdrzat site padovi i vozdignuvanja no i deka psiholoski treba da sme posilni i sprema sudiite.taa lekcija ja naucija momcite i od sega natamu ke nema nesto sto ke mozi da gi sopre na eden natprevar.so povredata na naumce i site rakometari stanaa svesni deka mora da bidat posilni za da go prodolzat svojot pat kon uspehot sto ovaa godina ima sleduva.Rk PSG e najskapiot klub ovaa godina no ne i najdobriot zasto RK Metalurg pokaza deka da se pobedi ne treba da te motivira platata sto ja zemas tuku zelbata i igrata so srce platata ke si dojde posle sama po sebe.Momci nisto ne e zagubeno ako nekoj saka da ve trgne od final four na seha ligata vie sega ke dokazete deka vie sakate i mozete da bidete i del od final four na liga na sampioni.prodolzete taka so igrata bidejki navistina vredite i ovaa godina na cela evropska javnost ke im go dokazete toa a i ne slucajno i Lino e so vas.trener od takov kalibar mozat da imaat samo golemi iminja vasite iminja se ispisani vo istorijata vie sega samo treba da gi malku pozatemnite.So natprevarot so barselona site sme svesni so kakov protivnik igrate no vie samo go zaboravete prethodniot natprevar i ke uspeete.Sega znaete kako i so sudii kako i so golemi klubovi,prednosta e na vasa strana zasto barsa e favorit i mozebi ke ve potceni kako klub no vie ste tie sto nema sto da zagubite tuku samo moze da dobiete.VIE MOZETE VIE ZNAETE VIE UMEETE.Uspehot gi sledi hrabrite i koga nesto se saka od srce sekogas se ispolnuva!

    Напишете коментар


    − 4 = 4